Премиерот на Унгарија Виктор Орбан порача денеска дека нема да стои мирно, додека има такви кои ги спроведуваат плановите на милијардерот Џорџ Сорос, алудирајќи на наводниот него план, да „увезе“ мигранти во Европа.
„Доколку е потребно, ќе го искористиме целосно силното, моќно и законско оружје кое ни стои на располагање, за да се избориме со тој план“, изјави Орбан во говорот кој го изнесе во рамките на оценувањето на работата на неговата влада.
Во неговиот говор кој го имаше во Будимпешта, прв негов чекор е да го запре Сорос. Орбан наведе дека секој кој е преокупиран со миграциите и мигрантите, мора да се пријави за „национална безбедносна лиценца“, за да би можел да ги спроведе своите активности.