Најдобриот десен бек на светот, Кирил Лазаров, веќе неколку години е заштитно лице на модниот бренд „Сињори“. Тој за нив сними неколку фотосесии и успешно ги промовира на секој формален настан.
Но, последната соработка со машкиот бренд го вклучи и неговиот син Благојче.
„Колекција за татко и син“, стои покрај првата официјална фотографија од фотосесијата.
Кире, кој оваа сезона игра за „Нант“, неодамна објави слика од Благојче и на ракометниот терен. „Мојот наследник“ напиша тогаш. Се чини дека младото момче веќе ги следи стапките на татка си, и спортските и манекенските.