Судот ја осуди новинарката Ивона Талевска со условна казна затвор од две години доколку во следните 4 години не го повтори делото. Денеска во судот таа се изјасни за виновна за затајување данок и оти за наводните потреби на фирмите, каде што таа е управител, купила долна облека од 500 евра, облека во износ од 33.508 евра, очила, шминки за 1.009 евра, луксузен мебел, сигурносни врати, велосипеди и слично. Талевска сега ќе треба да ја врати целата сума од приближно 2,5 милиона денари за која се сомничеше во случајот „Тифани“, а дополнително да исплати и 76 илјади денари како трошоци за вештачењето. Во сумата предвидени се и 1.000 евра како споредна штета, кои Талевска ќе треба да ги исплати во рок од 30 дена.
На социјалните мрежи и ова не помина тивко. Шеги на сметка на Ивона за скапите гаќи, но и коментари од типот: „Овие во судов ни танга не знаат да решат“ или „Со танга не се оди во затвор“.