Емина Јаховиќ пред неколку дена објави дека, по 10 години брак, се разведува од турскиот пејач Мустафа Сандал.
Иако кружеа разни шпекулации за причината зошто дошол крајот на нивниот брак, Емина истакнала дека исчезнала љубовта што ја чувствувале еден кон друг.
Пејачката ќе продолжи да живее во Истанбул за нејзините синови да не го прекинуваат школувањето. Сепак, моментно е во Србија, поточно во Пазар, каде што живее нејзиното семејство. Таа објавила фотографија на својот истаграм-профил од нејзиното родно место.