Битолската музичката група „Инструментал бенд“ ги објави првите видеоматеријали од новиот проект со наслов „Времеплов“.
„Бацила је све низ ријеку“ од „Индекси“, легендарната „Као какао“ од „Леб и сол“, „Моја прва љубав“ од Хаустор, „Боље да сам друге љубио“ на Кербер, „Заставе“ од „Парни валјак“, „Ти си сав мој бол“ од ЕКВ и „Ако можеш заборави„ од „Бијело дугме“, се песните што се најдоа на првиот дел од музичкиот проект „Времеплов“.
Музичкиот состав „Инструментал бенд“ го сочинуваат: Жарко Стојкоски – вокал, Александар Котевски – клавијатура, Димитар Наумовски – тапани, Никола Стојановски – соло-гитара и Михајло Манојловски – бас-гитара.
Придружните вокали на проектот ги пее Рената Нечковска, а сите видеозаписи се дело на „Куба видео“.
Во продолжение гледајте ги првите две видеа од новиот проект со кој се дава нова свежина и атрактивност на подзаборавените хитови од регионот.