На четвртиот концерт на поп-ѕвездата Каролина Гочева вчеравечер во МОБ дојдоа и нејзините колеги. Во публиката повторно можеа да се видат многу познати македонски јавни личности, меѓу кои и блиските пријатели на Каролина – Елена Ристеска и Панчо ДНК. И двајцата и јавно на своите фејсбук-профили ѝ напишаа поддршка на Каролина, пишувајќи дека имала маестрален концерт.
И четвртата вечер помина беспрекорно со емоции раскажани низ приказна наречена „Извор”.
За Каролина и нејзиниот тим остануваат уште три концерти од овој маратон закажани за 1, 2 и 3 март во МОБ.
Фото: Стефан Рајхл