Меланија Трамп во црн фустан на Гувернерскиот бал

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и првата дама, Меланија, синоќа одржаа Гувернерски бал во Белата куќа. Свеченоста била организирана во чест на гувернерите и нивните сопруги, а Словенката со нејзиниот фустан успеа да го привлече вниманието на сите присутни.

Трамп оваа пригода ја искористи за  уште еднаш да го сврти вниманието на јавноста на безбедноста во училиштата и потсети на неодамнешната несреќа што се случи во Флорида, а особено му се заблагодари на гувернерот на Флорида, Рик Скот.

Изјави дека е горд на сите гувернери, и ги нарече посебни луѓе кои извршуваат неверојатна работа.

 

Првата дама на Америка за оваа пригода одбра елегантен, долг  фустан од тантела со ракави.Иако балот  беше посветен на гувернерите и нивните сопруги, Меланија вчеравечер во својата комбинација успеа да го сврти вниманието на сите присутни.

 

Scroll to Top