Поранешен католички свештеник осуден за 108 случаи на сексуално малтретирање деца

Поранешен германски католички свештеник, кој стекнал доверба во својата заедница како отец Томас, е осуден на 8,5 години затвор поради најмалку 108 случаи на сексуално малтретирање деца и поседување детска порнографија.

53-годишниот маж ќе мине неколку години терапии во затворена психијатриска установа пред почетокот на затворскиот рок, известил во четвртокот судот во југоисточниот град Дегендрод.

„Лекувањето на мажот, по потекло од Вупертал, град од покраината на Северна Рајна-Вестфалија, ќе се одвива многу, многу години“, изјави главниот судија Томас Траутеин. Тој дополни дека се сомнева оти тоа ќе биде успешно и додаде дека педофилијата не се лекува.

Судијата проговорил за страшната несреќа што обвинетиот ја предизвикал поради уништувањето на детските души.

Свештеникот педофил е прогласен за виновен за сексуално малтретирање пет деца помлади од 14 години меѓу 1997 и 2016 година во Германија и странство.

Малтретирањата, вклучувајќи го и обидот за силување 18-годишна девојка, главно е направен во предградието на германските градови Мајнц и Дегендроф, како и во Полска, Италија, Австрија, Швајцарија, извести „Шпигел“.

Исто така, осуден е за фалсификување документи, измами и поседување детска порнографија, извести Sueddeutsche Zeitung.

Претходно е именуван во медиумските извештаи како Томас Марија Б., поранешен свештеник кој веќе 5,5 години минал зад решетки од 2003 година до 2009 година, за второто сексуално злосторство.

По пуштањето на слобода, успеал да набави фалсификувани документи и нови црковни документи за повторно да почне да работи како свештеник.

 

 

Scroll to Top