Познатите ќе готват кај Ненад

Водителот Ненад Ѓеорѓиевски има нова емисија. „Нешто се крчка“ ќе се емитува на ТВ21, а гости на Ненад ќе бидат личности од јавниот живот кои ќе готват заедно со него.

Во првата емисија гости на Ненад беа пејачките Викторија Лоба и Дани Димитровска, и водителот Марко Новески. Тие подготвуваа палачинки, а покажаа и колку се умешни во вртењето палачинки.

Scroll to Top