Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска имаше прва средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети. По средбата тој излезе од седиштето на партијата со рацете ставени во џеб. Рацете му беа в џеб и додека им даваше изјава на новинарите. Познавачите на говорот на телото ваквиот став на Мицкоски го опишуваат како знак на нервоза или знак за недоверба.
„Ако ставете раце во џеб или зад грб изгледа како да се обидувате да скриете нешто“, велат експертите.
Според нив, тој што ги држи рацете во џеб кога разговара со луѓе сака да оддаде слика на лажна самодоверба.