На 21 март во неколку кафулиња во Скопје и Велес секој ќе може да се напие кафе или чај и наместо со пари, да плати со поезија. Оваа година „Плати со поезија“ се одржува по 4. пат и во Македонија, и тоа во „Ревија“, „Наргиле“, „Фонтана“, „Дион“, „Центар бар“, „Лофт“, „Баду бар“, „Џуси бар“ и „Сквер21“ во Скопје и во „Чао кафе“ во Велес. Гостите ќе може да пишуваат поезија до 16 часот, кога ќе бидат избрани најдобите песни, а на поетите ќе им бидат доделени награди.
Денот на поезијата прв го организираше виенскиот производител на кафе и чај Јулиус Мајнл. Тој вели дека сака да го поттикне поетот во секого. Оваа година Мајнл отиде подалеку и заедно со познатиот музичар ЈП Купер ќе создаде песна што ќе ги поттикне поетите од цел свет.
Настанот се одржува во десетици земји во светот, на стотици локации.