Тајланѓанката Нонг Нат (33) се омажи за богатиот 72-годишен бизнисмен Харолд Џенинг Несланд, кој од неа е постар цели 39 години. Таа се омажи и даде отказ во порноиндустријата.
Само неколку месеци по тоа, таа побарала развод поради страв дека нејзиниот богат сопруг ќе добие срцев удар за време на сексот со неа.
„Никогаш немав потреба Харолд да ми помага финансиски, јас не сум очајничка. Тој сè ми плаќаше, но јас добро знаев дека има големи трошоци во Америка. Имав разбирање за тоа, па дури и предлагав да ми го намали месечниот џепарлак“, вели Нат.
Опишувајќи ја својата љубов со поранешниот сопруг, таа вели дека тоа било како дете кое бара внимание од постар маж. Сега сака некој кој подобро ќе се вклопува во нејзиниот животен стил.
„На Харолд му требаше долго за да го прифати разводот. Ни моето семејство не сакаше да се разведам, но сега имаат разбирање. Не сакав да го мачам. Тој е толку стар. Му треба некој кој постојано ќе се грижи за него. Бевме како два различни света“, објаснува Нат.
Во 2000-те години Нат беше предмет на контроверзии бидејќи глумеше во порнофилмови на црно. Азиската убавица беше обвинета за појавување во филмови за возрасни кои ги кршат тајландските закони за порнографија.
Оттогаш не е дел од порноиндустријата. По тоа стана будистка и се омажи за Несланд во 2012 година. Останатото е историја.