Поранешниот премиерот Љубчо Георгиевски и неговата супруга Снежана демантираат дека се разведуваат по 30 години брак. Откако беше објавено за нивниот наводен развод, и двајцата супружници рекле дека тоа е лага.
„Во трите децении заеднички живот со мојот сопруг не еднаш сме биле соочени со објавувани дезинформации и ноторни лаги, ставајќи не’ во позиција да објавуваме деманти“, рекла Снежана за галма.мк.
Таа додава дека нивниот личен живот и нивната приватност е под нивото на нивното достоинство е и дека не сакаат да се занимаваат со злонамерни инсинуации.
„Но, бидејќи станува збор за тенденција со умисла: уривање на нашиот углед, изрично ја демантирам веста за нашиот ‘наводен развод’. Значи, заедно сме и така ќе биде сè додека меѓу нас битисува сведоштвото на библиска љубов којашто планини преместува“, изјавила Снежана.ниот премиер.