Неколку дена пејачот Валдо Георгиев престојувал во Антверпен (Белгија ) каде сакал да сними спот, а воедно и за да ги одржи закажаните настапи во еден тамошен клуб, каде со собираат луѓе од просторите на поранешна Југославија.
За време на паузата Владо заедно со тапанарот излегол пред клубот за да запали цигара. Во тие моменти пред него поминале неколку девојки со момчиња, а Владо, наводно на една девојка почнал да и дофрла, што довело до вербален судир и на крај и тепачка.
Во тепачката со неколку момчиња учествувал и Владо и член на неговиот бенд, а набрзо на местото стигнала полиција. Најдебелиот крај го извлекле Георгиев и тапанарот.
Ова се случувало во утрински часови, а пејачот следниот ден имал договорен настап во Штутгарт кој сакал да го откаже зошто не можел да пее, но по кратко убедување од менаџерот сепак одлучил да одржи настап.
Пејачот пак изјавил дека тој не бил претепан. „Што ви треба? Каква тепачка? Излегов да запалам цигара и изби тепачка. Не сум повреден воопшто. Се тепаа некои луѓе“, рекол за српските медиуми.