Совети за убавина од Сара Џесика Паркер

Сара Џесика Паркер, популарната Кери Бредшо од “Сексот и градот”, дефинитивно е една од жените, за кои може да се каже дека стареат убаво. Таа е позната по својот беспрекорен стил и вештината секогаш да импресионира со својот изглед.

Откривајќи некои од своите врвни совети и тајни за убавина, актерката создава сопствен прирачник со задолжителните чекори во режимот и грижата за изгледот.

Од тоа како да носиме правилно парфем до идеи за кожа и коса, еве 3 совети од Сара Џесика Паркер.

  1. Како да носиме парфем?

Сара Џесика Паркер советува да не го вбризгуваме парфемот на зглобовите и да ги триеме една во друга. “Ако сакате да мирисате прекрасно, а не како да сте скокнале во базен со парфем, она што треба да го промените е како го нанесувате омилениот мирис”, изјавила актерката. Тајната е да вбризгувате арома и да оставите кожата да го впие без вие да се мешате.

  1. Инвестиции за кожата

Актерката од “Сексот и градот” е позната по тоа што постојано си купува козметика против стареење. “Верувам во купувањето на што повеќе креми против стареење. Користете секакви производи, на кои пишува со големи букви “Елиминација” на брчки. “, советува таа. Многу важно е да ги нанесувате кремовите за околучна контура секогаш со тапкање, никогаш со триење.

 

  1. Задолжителниот сув шампон

Холивудската ѕвезда советува сите дами да користат суви шампони, за да ја направат убавата фризура подолготрајна.

“За оние како мене кои сакаат да се задржи убавата коса како по фенирање за повеќе од два дена (сувиот шампон) тој е најдобар пријател на жената. Нема втор како него и мириса одлично “, вели Сара Џесика Паркер.

Scroll to Top