Македонец е светска безбол легенда

Кевин Кузманов е професионален бејзбол играч, кого и фановите и медиумите го нарекуваат „легенда“. Роден е во Калифорнија, но неговите родители се Македонци кои се преселиле во Америка. За америкамските медиуми изјавува дека не е Русин, туку Македонец, кој повремено доаѓа во Скопје.

35-годишниот Кевин настапувал во тимовите на „Кливленд Индијанс“, „Сан Диего Падрес“, „Колорадо Рокис“ и „Тексас Ренџерс“. Тој е еден од четворицата безбол играчи во историјата на безболот кои направиле „Гренд слем хоумран“. Прв тоа го направил Бил Даглби во 1998 година, потоа Џереми Хермида во 2005година, а трет е Кевин кој во 2006 година го постигнал овој хоумран уште при првото фаќање на палката и со првото топче упатено кон него. Последниот безбол играч со вакв успех е Даниел Нава, кому тоа му успеа во 2010 година.

Освен што е еден од најдобрите безбол играчи во историјата, тој е и еден од најплатените. Неговата основна годишна плата достигнувала и до 5 милиони долари годишно. Во оваа сума не се вклучени многубројните спонзорски договори.

 

Scroll to Top