Принц починал од преголема доза на лек против болки

Најновиот извештај покажува дека прочуениот Принц во моментите пред смртта имал и повеќе од смртоносна доза  фентанил во крвта.

Починал на 21 април 2016 година, а лекарите истакнуваат дека пејачот се предозирал и дека тоа е причина за неговата смрт на 57-годишна возраст.

Кога бил пронајден бил сам и не бил во состојба да реагира. Принц во тие моменти бил во лифтот во својата куќа во Присли Парк.

„Количината пронајдена во неговата крв е преголема и за некој кој има хронични болки“, изјавил доктор Луис Нелсон.

Експертите  го свртиле вниманието на јавсноста дека не постои смртоносна доза на фентанил. Личноста на која овој аналгетил ѝ е препишан може да стане толерантна, а тоа што за еден пациет е смртоносна доза, за друг може да биде од голема помош.

 

Scroll to Top