Мохамед бин Салам, крунскиот принц на Саудиска Арабија, открил во интервју за „Вашингтон пост“ дека Ријад ширел екстремистички вехабистичка идеологија за време на Студената војна, но тоа го работел на барање на западните сојузници.
Целта била да се осуети врската меѓу Советскиот Сојуз со муслиманските земји, вели Бин Салман во интервју што го дал за „Вашингтон пост“ за време на посетата на САД.
Saudi Crown Prince Mohammad bin Salman tells Washington Post spread of Wahhabism was in response to demand by “allies” to prevent inroads in Muslim countries by Soviet Union. pic.twitter.com/cGlQ5SuE2T
— Press TV (@PressTV) March 26, 2018
„На барање на нашите сојузници, инвестиравме во создавање верски школи, џамии и ширење вехабализам во муслиманскиот свет“, отворено изјавил саудискиот принц додавајќи дека целта на радикализацијата била да се спречи Советскиот Сојуз да го засили своето влијание во муслиманскиот свет.
„Нашите сојузници бараа од нас да користиме повеќе наши ресурси за постигнување на оваа задача“, наведува тој.
„Но, во тоа ширење исламски екстремизам сукцесивните саудиски влади залутале“, вели Бин Салман и оценува дека денеска е потребно итно да се работи на враќање во нормалноста.
Мохамед бин Салман тврди дека парите за ширење исламски вахабизам во најголема мера ги даваат приватни институции со седиште во кралството и дека тоа не била државна политика.