Трајче се стреми по нови освојувања на музичката сцена

Неговите изведби во шоуто „Ѕвездичките на Пинк“, на Youtube имаат и повеќе од милион прегледи, а за многу кратко време Трајче Гергиев стана еден од милениците не само во Македонија, туку и на целиот Балкан.
Од првиот момент кога се појави на аудицијата за шоуто, тој ги освои симпатиите на публиката со фантастичната „Зошто отиде“ од нашата музичка легенда Тоше Проески, по што сосема беше сигурно дека го очекува светла иднина.
 
Иако победата му се лизна од раце и го освои второто место на „Ѕвездичките на Пинк“, Трајче и понатаму продолжи храбро да чекори во светот на музиката.
Јавноста го запозна како едно скромно и срамежливо момче, а денес по неколку години, Трајче од Струмица се стреми да оди на вистинскот пат до нови освојувања на музичката сцена.
Scroll to Top