(Фото) Јелена Спенџарска на разубавување

Водителката Јелена Спенџарска секојдневно преку инстаграм-приказните на својот профил споделува сé што прави во текот на денот. Нејзините следбеници можат да видат какви се нејзините животни навики, колку често вежба, како си ја средува косата, што најмногу сака да јаде, со кого се дружи.

Таа вчера во неколку чекори им покажа на сите свои следбеници како се грижи за своето лице и убавина. Јелена објави неколку куси видеа од третманот за лице со кислород.

„Ми вели девојчето – ќути малце, кармин да ти избришам… А за мене е тоа проблем“, напиша Јелена на едно од видеата.

Таа додаде и дека уживала и дека може со часови да седи да ѝ го масираат и чистат лицето.

 

Scroll to Top