Македонскиот шампион „Вардар“ е старо-новиот првак на СЕХА-лигата. До својата четврта титула во ова регионално натпреварување тимот стигна со победата против „ППД Загреб“ со резултат 26:24.
Иако важеше за голем фаворит, „Вардар“ се помачи да го совлада мотивираниот тим на „Загреб“, кој до крајот се бореше за титулата.
Третото место го освои екипата на „Цеље ПЛ“, која го совлада „Мешков Брест“ со резултат 31:28.