Ова го изјавил за време на говорот на вонредната седница на извршниот совет ОЗХО за инцидентот во Солсбери кога биле отруени поранешниот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка, пренесува ТАСС.
Шулјгин покажал документ од Канцеларијата за патенти на САД од 1 декември 2015 година, каде што укажал на тоа дека оваа канцеларија и претходно ѝ се обратила на руската страна со молба да ја провери патентната исправност на откритието, чиј автор е американскиот научник и соработник Т. Рубин.
Во документот станувало збор за изработка на специјален куршум наполнет со оваа отровна супстанција.
Постојаниот претставник на Русија објаснил дека муницијата требало да биде наполнета со бинарни компоненти, кои се мешаат за време на пукањето, пренесува „Спутник“.
Тој нагласил дека добиената формула направена во Америка сведочи за тоа дека САД изработувале и патентирале супстанции од типот „новичок“.
„И тоа не се случило толку одамна. Патентот е датиран на 1 декември 2015 година“, прецизирал дипломатот.
Тој навел дека пребарувањето на електронскиот пребарувач google.patents.com со клучниот збор „новичок“ понудило повеќе од 140 патенти поврзани со користењето и заштитата од влијанието на бојните отровни супстанции од овој тип.