Полицијата истражува мистериозна смрт на Србинка во Америка

Државјанка на Србија, Драгана Шолаја (24), починала пред неколку дена во болница во американскиот град Фортуна во Калифорнија, но причините за нејзината смрт, засега не се познати.

Американската полиција со денови го истражува овој мистериозен настан. Драгана заминала од Нови Сад за Америка преку програмата Work and travel.

Бидејќи Драгана не се вратила дома во планираниот термин, нејзината цимерка со која живеела се посомневала дека нешто не е во ред.

Таа отишла на аеродром да провери дали Драгана можеби купила авионски билет и се вратила во Србија. Но, кога утврдила дека тоа не е случај, веднаш пријавила во полиција.

Драгана е пронајдена на 11 април во раните утрински часови и веднаш била префрлена во болница во Фортуна, но починала два дена подоцна. Таа била во тешка состојба и не била во способна да изјави што ѝ се случило.

Полицијата наредила обдукција на нејзиното тело и преку токсиколошките налози да се утврдат причините за нејзината смрт.

На почетокот на службите им било сомнително дека можеби Драгана пиела алкохол или друго, што нејзините пријатели го демантирале велејќи дека таа не користела никакви супстанции, дека била спортист и дека ретко пиела. Драгана наводно била пронајдена на главната улица во едно помало гратче од 12.000 жители.

Нејзините пријатели набргу по веста за трагичната смрт повеле акција за помош за нејзиното семејство и за само неколку дена собрале повеќе од 20.000 долари.

Драгана, како што пренесуваат медиумите, заминала во Калифорнија пред неколку години во посета на своето момче. Тој бил доста постар од неа, а ѝ бил познат и претходно на полицијата како проблематичен, а наводно бил уапсен поради дрога.

 

Scroll to Top