Ем-ти-ви видео музичките награди по една година помината во Калифорнија се враќаат во Њујорк.
Ем-ти-ви соопшти дека свеченоста за доделувањето на Видео музичките награди за 2018 година ќе се одржи на 20 август во Радио сити мјузик хол (Radio City Music Hall) во Њујорк.
Минатата година свеченоста се одржа во Инглвуд во Калифорнија, а една година претходно во Медисон сквер гарден во Њујорк.
Првата церемонија на доделување на овие награди во 1984 година се одржа токму во Радио сити мјузик хол во Њујорк.