Името и денес ми го врзуваат за серијата „Касандра“

Фолк пејачката Цветанка Ласкова зад себе има 45 години музичка  кариера. Таа е бизнисменка и сега активно вклучена во политиката, како посебен советник за култура на премиерот Зоран Заев. Во интревју за Независен, таа раскажува за музиката, за бракот, за  советничката работа, но и за времето кога ја донесе популарната серија “Касандра“. Со музика се занимава од 1973 година. Од 2011 е на чело на форумот на жени на СДСМ. Со нејзиниот починат сопруг Мишо, познат музичар, композитор и продуцент, ги врзуваше успешна продуцентска куќа „Кан“ која беше специјализирана за откуп на разни серии и документарни филмови, снимање на спотови. Тие ја донесоа во земјава најпознатата латиноамериканска сапуница „Касандра“ која за краток период стана најпопуларната теленовела во светот, па дури и да влезе во Гинисовата книга на рекорд

Цветанка Ласкова има богата музичка кариера од времето на поранешна Јогославија

„ Продукцијата „Кан“ во тој период откупуваше лиценцни права како за серијали, така и за документарни програми произведени од Би-би-си и други странски продуцентски куќи. Овие програми ги емитуваа нашите телевизиски куќи. Се трудевме да отвориме посебни термини за квалитетните програми на Би-би-си на некои од нашите телевизии, но земајќи го предвид нашиот менталитет, сепак серии како „Касандра“ беа најгледани. Ете, затоа моето име некои го врзуваат за таа серија која беше впрочем прва од таков тип. Се сеќавам дека гледаноста на таа серија беше 86% од нашата популација“, рекла Ласкова.

Со Јанко Узунов на фестивалот во Опатија го отпеаа хитот „Момчето со мандолина“, но зад себа има богата музичак кариера, 7 албуми и безброј снимки за МРТВ. За починатиот сопруг Мишо со кого 30 години беше во брак вели:“Јас сум среќна и реализирана жена. Живеев скоро 30 години со партнер покрај кого се чувствував исполнета, љубена и почитувана. Кога живеевме во Белград, ја имавме една од најдобрите југословенски групи „Кан шоу“. Прекрасни се спомените од тоа време бидејќи и во Белград бев ценета и почитувана како интерпретатор, а за тоа зборуваат резултатите што ги постигнав и таму на музички план. Секако дека најважниот момент од Белград е раѓањето на мојот син Горан“.

Целото интревју прочитајте го тука

Scroll to Top