Поранешната водителка Миа Костова стави силиконски гради. Таа јавно се пофали дека едвај чека да облече маичка без градник и да ги прошета новите гради. За разлика од повеќето жени кои го кријат ова, Миа објави фотографија на својот инстаграм-профил и му се заблагодари на пластичниот хирург кој, според неа, ѝ помогнал да си го исполни сонот.
„Дека секогаш може подобро, ете затоа решив дека е вистинско време и за ова. Со ‘Систина’ ме врзуваат само убави работи и сакам секогаш да остане така. Еднаш ми го дадоа Андрија, денес ќе си ги памтам по самодоверба во форма на гради. Инаку, не може подобро ако веќе се одлучите за пластичен хирург. Наша среќа е што го имаме тука д-р. Амадеј и неговите магични раце. 8 часа по операција сум сосем добро. Стомачни ви ветив и исполнив. Еве ветувам и гради многу скоро во маица без прслук, сон на секоја жена“, напиша Миа покрај фотографијата.
За ова таа доби поддршка од Хелена Роза и од сите нејзини следбеници на Инсастаграм. Освен Миа и Лила Филиповска е една од највните личности што има ставено силиконски гради. Таа операцијата ја направи во Солун.