Рок-пејачката Дани Димитровска веќе неколку дена е во Египет. Таа најпрво го посети Каиро, а потоа отиде и на еднодневна екскурзија до Луксор, каде што се наоѓаат пирамидите на египетските фараони. Пејачката сподели впечатоци од своето патување преку социјалните мрежи. Таа објави неколку фотографии и од Луксор и од Каиро и напиша дека овој пат ги споила работата и задоволството.
Дани е Y-Peer амбасадор на Југоисточна Европа за превенција на ХИВ/СИДА кај младите. Во Египет се одржува годишната конференција на оваа организација, а таа е таму како претставник на Македонија. Пејачката е Y-Peer амбасадор од 2008 година.