Македонката Емилија Михилова се соблече за насловната страница на мајскиот број на германското издание на „Плејбој“. Таа има 29 години, живее во Швајцарија и беше учесничка на германското гала-шоу „Германија бара супер-ѕвезда”. Иако во ова тв-шоу Емилија немаше среќа, бидејќи набрзина испадна, сепак успеа да стане лице од насловната на најпопуларното списание за мажи.
Фотографиите се направени во Јужна Африка. Емилија е родена во Швајцарија, но нејзините родители се од Македонија, кои заминале на работа таму пред таа да се роди. Таа често доаѓа во земјава бидејќи тука ѝ се сите роднини.
Иако сака да стане пејачка, сепак работи и како фотомодел.