Денешната трка ТЦР шампионатот што се возеше во Ле Кастелет, Франција, беше прекина уште на почетокот, откако нашиот најдобар автомобилист, Игор Стефановски – Иџе се заби во оградата.
Иџе почна одлично, ама во обид да го престигне Милер ја загуби контролата над својот автомобил на дождливото време и удри во заштитната ограда. Тоа целосно го уништи неговото „хјундаи“ и ја прекина трката, оти мораа да се расчистат деловите од возилото што останаа на патеката.