Стапката на смртност од тумор зголемена за трипати, на лекарите им е забрането да зборуваат

Малигните болести во Србија се речиси трипати позачестени во однос на другите делови во светот. На 100.000 жители се регистрирани 5500 заболени од различни видови карцином. Во светот ваквата бројка изнесува 2000. Од 2002 година бројката на заболени од леукемија е зголемена за дури 139%. Тоа е последица од бомбардирањето на СФРЈ! Вака за „Новости“ рече професорот Даница Грујичиќ, еден од најдобрите неврохирурзи и началник на Одделението за неврохирургија во Клиничкиот центар на Србија.

  • Многумина ваши колеги тврдат дека порастот на заболени од рак во Србија не може да се поврзе со бомбардирањето

Фактите се тука. Сведоци сме на секојдневна појава на сè поголем број  тумори, кои се јавуваат 15 до 20 години по бомбардирањето. Покрај тоа што се јавуваат во сè поголем број, туморите се и агресивни и тоа е причина што се наоѓаме на самиот врв на Европа по стапката на смртност од малигни болести.

  • Што Ве поттикна сега да укажете на последиците од НАТО-бомбардирањето во 1999 година?

Нанесена е огромна штета на околината. Во Србија во 1999 година е направен екоцид, не само со осиромашениот уран туку и со бомбардирањето на објекти од хемиската индустрија. Нешто што предизвика испуштање на голема концентрација отрови во воздухот, водата, земјиштето и влезе во синџирот на исхрана. Граѓаните на Србија не знаат ништо за тоа, а треба да им се укаже колкава штета им е нанесена.

  • Зошто?

Ако не поради друго, тогаш барем за превентива. Сите власти во Србија од 2000 година се  виновни затоа што никогаш не формирале никаква комисија од независни експерти.

  • Дали трпите притисок поради своите изјави?

Не. Никогаш не сум трпела, ниту сега не трпам никакви притисоци затоа што го зборувам тоа што го мислам.

  • Некои колеги тврдат дека целата приказна со НАТО-бомбардирањето е предимензионирана?

Тоа се луѓе кои не знаат што е нацероген и како ракот настанува, па за тоа не ни треба да се зборува.

  • Дали Вас, како лекар кој секојдневно се соочува со заболени од најтешки тумори, ваквиот став Ве навредува?

Секој има право на свое мислење, како и право да го докажува тоа што го зборува.

  • Се чини дека по 17 години некако прифативме, како да нè бомбардираа со „шарени бомби“?

Добро е што граѓаните на Србија, и покрај најлошите можни пропаганди, сепак мислат со своја глава и имаат одлично чувство за праведност.

  • Дали последиците од еколошката катастрофа излегуваат и надвор од границите на Србија?

Поради тоа што од Дунав вода за пиење добиваат и некои членки на НАТО, како што се Бугарија и Романија, очигледно е дека и внатре во НАТО постојат значајни и помалку значајни земји и нации.

  • Вие се залагате за формирање неутрална комисија која би ги испитала последиците од бомбардирањето?

Само неутрална комисија составена од домашни и странски експерти би можела да ги сподели сите информации.

  • Што може таквата комисија да направи?

Не е доволно само да се формира доверба, комисијата мора да располага со соодветни лаборатории кои ќе бидат во состојба да анализираат сè што е потребно.

  • Последиците од бомбардирањето врз околината и населението, сепак, не може да се толкуваат само преку влијанието со осиромашен уран?

Уништувањето на нафтените постројки доведе до ослободување на огромни количини јаглерод диоксид. Површини со количина на диксид и фуран се регистрирани дури и во Тракија и во Грција во 1999 година. Во Сава се испуштени 165 тони флуороводична киселина. Во Панчево и Нови Сад во реката Дунав завршија три тони жива. Нови Сад, Бор, Крагуевац и Панчево се прогласени за несигурни места за живот.

 

 

Scroll to Top