Човечката цивилизација е предодредена да изумре

Истражувачи од Канада откриле докази од фосилизирани бактерии кои можеле да создадат живот на Земјата пред 700 милиони години.

„Тоа сугерира дека првиот чекор во создавање живот бил релативно лесен“, изјавил доктор Робин Хансон од Институтот за иднина на човештвото.

„Сепак, постои едно вознемирувачко прашање што ги мачи сите луѓе, а тоа е зошто кога ќе погледнеме во небото сè изгледа мртво и празно“, прашува Хансон.

Факт е дека не гледаме други цивилизации кога ќе погледнеме во небото. Но тоа не мора да значи дека изумирањето на човечкиот вид е неизбежно. Тоа се нарекува ферми-парадокс.

„Постојат 10 до 24 планети во нашиот универзум. На секоја од нив би можело да се создаде живот и да се прошири цивилизацијата. Во тој случај, кога ќе погледнеме во небото тоа би изгледало сосема поинакво“, истакнал докторот.

Врз основа на сегашните проценки, кога само 0,1 процент од планетите би биле слични на Земјата би постоеле околу милион цивилизации во нашата галаксија.

Се појавува прашањето каде се сите тие вонземјани.

„Тоа е збунувачко и застрашувачко. Кога сè е мртво во вселената тоа значи дека нешто ги убива цивилизациите“, вели Хансон.

Овој концепт се нарекува голем филтер. Хансон истакнува дека кога станува збор за човечката цивилизација, постојат два можни исхода. Првото сценарио е животот веќе да пронашол начин да ги совлада пречките на патот на човечката егзистенција.

„Ако се наоѓа над нас, тогаш пред нас е светла иднина“, изјавил тој.

Во другото сценарио филтерот е сè уште пред нас. Тоа значи дека некои настани го блокираат нашиот развој, како што блокирале голем број цивилизации пред нас.

Постојат многу форми во кои големиот филтер би можел да настане. Најочигледниот начин е да умреме, нешто да нè убие. Поради тоа, откривањето живот стар колку и самата земја всушност е лоша вест. Хансон истакнува дека тешко е да се убие целото човештво.

„Големите катастрофи оставаат последици, кои повторно раснат и се создава цивилизација. Дури и нуклеарното оружје не може да го уништи животот и да  спречи повторно да се воспостави цивилизацијата “, вели Хансон.

 

 

 

 

Scroll to Top