Авторката на најголемите хитови во регионот, Марина Туцаковиќ, во јануари годинава дозна дека боледува од канцер на дојката. Меѓутоа, многу пред да почне со прегледите Марина чувствувала и знаела дека нешто не е во ред со нејзиното здравје, но никому не му го откривала тоа, дури ни на најблиските.
„Да побарала лекарска помош навреме, лекувањето ќе беше многу полесно и побрзо, а веројатно ќе можеше да го спречи напредувањето на болеста додека сè уште беше во почетна фаза“, велат нејзините блиски.
Дури кога видно ослабела, побарала помош, и тоа само затоа што веќе не можела да крие дека е сериозно болна. Кога веста ја сподели со семејството, на пријателите сè уште не сакала да им каже за да не ги загрижува.
„Сè уште не сум добро, но не размислувам за тоа. Не се оптоварувам, ќе видиме, и понатаму сум позитивна“, изјави Марина.