Најголемата нафтена компанија Exxon влегува во бизнис со Русија

Компанијата ExxonMobil наводно го продолжува проектот за профитабилен природен плин, вреден 15 милијарди долари, со руската нафтена компанија Rosneft. Проектот продолжува и покрај тоа што компанијата била принудена да се повлече од некои од соработничките потфати поради анти-руските санкции.

Таквите санкции не влијаат на проектот, пренесол „Ројтерс“ во четвртокот наведувајќи извори од компанијата кои се запознаени со ваквиот проблем.

Претходно оваа година, од Exxon изјавиле дека се одлучиле да се повлечат од повеќето свои заеднички истражувања на нафта и плин со компанијата Rosnef поради притисоците кои доаѓале од американските и ЕУ-санкции против руската енергетска индустрија.

Одлуката, како што било соопштено од Exxon, била донесена минатата година откако Вашингтон ѝ наметнал дополнителни санкции на Русија поради наводното мешање во претседателските избори во 2016 година. Постапката за повлекување на ваквата одлука е започната оваа година.

Exxon се повлекува од заедничкиот потфат кој е направен во 2013 година и 2014 година, додека преку проектот со ЛНГ-терминалот за природен плин се планира да се користи плинот од подрачјето на рускиот остров Сахалин.

Според изворите на „Ројтерс“, Exxon пред два месеца ги повикал понудителите да се нетегаат за договорот за изградба на инфраструктура до 30 септември. Некои од компаниите повикани да се натпреваруваат биле и Huanqiu Contracting & Engineering Corp и градежната и инженерската компанија China National Petroleum Corporation (CNPC).

Huanqiu Contracting & Engineering Corp во моментов се подготвува за инженерските набавки и градежни наддавања за објектите на ЛНГ-терминалот за плин на Далечниот Исток, вклучувајќи ги и цевководите, комуналната мрежа и контејнерите, велат изворите за „Ројтерс“.

Се очекува конечната инвестициска одлука за развој на производство на ЛНГ-терминалот во Далечниот Исток да се случи следната година, според изворите со кои разговарале новинарите на „Ројтерс“.

„Конзорцијата Сахалин 1 продожува со истражувачката можност за финансирање на изворот на плин на подрачјето на островот Сахалин“, изјавила за „Ројтерс“ портпаролката на компанијата на Exxon, Џули Кинг.

„Течниот природен плин е опција за максимизирање на погодностите на руската држава и нејзините граѓани“, истакнала Кинг.

 

 

 

 

Scroll to Top