Александар Тасевски, пејачот на „Балкан бенд“, во понеделникот по вторпат стана татко. Неговата сопруга се породи со синот Лука. Породувањето поминало во најдобар ред, а бебето, кое се родило три и пол килограми, и мајката се добри. Пејачот вчера го собрал своето друштво и најблиските во кафеана на мекици каде се славело за бебето. Од возбуда и радост се лепеле и пари на чело на музичарите. Александар има и поголем син, Давид, кој во септември ќе полни три години.
Со музика и пари на чело се славело за новото бебе на „Балкан бенд“
