Претатавникот на Црна Гора на Евровизија кажа глупава шега на сметка на инвлидни деца , па членовите на Советот на РТЦГ побарале да биде дисквалификуван, но на крајот сепак настапи.
https://twitter.com/DdatsD/status/993021084646739968?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2F915543
Вања Радовановиќ, на барање на новинарот да каже виц, рече „Знаете ли што добоваат за Божиќ слепите и глувите деца? Рак“. Неговата шега ја осудија многу корисници на социјалните мрежи, а членовите на Советот на РТЦГ Милан Радовиќ и Драгана Трипковиќ побарале од менаџментот на државната телевизија да го дисквалификува.
Пејачот сепак настапи во полуфиналето. Подоцна тој се извини на Твитер.
„Најискрено им се извинувам на сите кои сум ги навредил со лошата интерпретација на несолената шега. Добро знам како е да изгубиш некого од рак и знам дека не беше ни време ни место за тоа. Простете“, напишал Радовановиќ на Твитер.