Медиумите пласираат лаги кои ако доволно долго се повторуваат, стануваат вистина! Човештвото е програмирано!
Војната што со години е најавена исклучиво во алтернативните медиуми почна и службено. Цело време западниот свет е манипулиран во медиумите, кои и во војна и во мир водат стратешка улога.
Со години луѓето се убедуваат преку масовните медиуми дека војните на Блискиот Исток се водат исклучиво во име на демократијата, некаков квазимир под чија палка досега загинале милиони луѓе. Алтернативните медиуми системски предупредуваат на трета светска војна, но и на тоа дека САД и НАТО на Истокот ги масакрираат државите, а не ги ослободуваат како што мејнстрим-медиумите системски му го перат мозокот на населението.
Денеска, кога војната стигна во срцето на Европа, манипулацијата продолжува, и тоа до таа страшна мера што Западот го убедува населението дека воената сила е таа што ги брани, а всушност станува збор за куп лаги. Брутални лаги, кои создаваат еден целосно поинаков свет, кој нема врска со реалноста. Последиците од тоа се целосно програмирано човештво за кое може да сведочиме во овој момент.
За оваа речиси неверојатна манипулација проговориле и новинарите што работеле за најголемите медиумски куќи во светот. Станува збор за трипати наградената новинарка Амбер Лион, која работела за Си-ен-ен и која дала отказ кога сфатила дека од неа се бара само едно – да пишува лаги, пренесува yournewswire.
Иако и претходно се сомневала, целосно сфатила за што се работи кога Си-ен-ен одбил да известува за реалното мачење и убивање на мирното население од страна на владата во Бахреин, нешто за што и самата увидела во 2011 година кога од страна на медиумската куќа била испратена на теренска задача. Како што самата изјавила, нејзиното известување за настаните во Бахреин било спречено од страна на владата во САД во соработка со владата во Бахреин. Лион го ризикувала својот живот за да известува во Бахреин, а во исто време друга новинарка на Си-ен-ен снимила платен пропаганден извештај за тоа како лидерите на Бахреин биле група пријателски демократски реформатори.
Добро слушнавте. Владата на Бахреин во соработка со владата на САД му платила на Си-ен-ен бруталниот режим и масакарот да ги претвори во демократија и со тој пример сфатила дека станува збор за неверојатна лага што се пласирала како реалност. Сфатила дека тоа не е новинарство, туку дека станува збор за многу опасна манипулативна реторика, чии последици се апсолутна неинформираност на светот за вистината што се случува во ова место. Подоцна дознала дека и Кина како и другите авторитарни режими му плаќа на Си-ен-ен, но и на други моќни медиумски куќи да шират и да создаваат лаги.
„Состојбата е неверојатна, сè е лага“, изјавила Лион кога додала дека Си-ен-ен е оружје за масовна деструкција за што не сме свесни. Тие ги повторуваат повторно и повторно и таа лага колку и да изгледа бесмислена, со постојано повторување, станува вистина“, вели Лион предупредувајќи го светот дека тоталитарниот режим се претставува како демократија, а реалната демократија и слободата се пласираат како тоталитаризам.
„Не сме ни свесни како нè манипулираат и која, всушност, цензура на масовните медиуми е присутна. Не сме ни чекор подалеку од Гебелс, иако постојано се шегуваат со нас дека живееме во демократија. Отворете ги очите“, викнала Лион.
Германски новинар, кој 25 години работел во престижни германски медиуми, исто така одлучил на луѓето да им ја обелодени шокантната вистина за манипулацијата на целокупното човештво, кое на сила и преку пропаганда сака да нè вовлече во трета светска војна.
„Бев новинар 25 години кога ме обучуваа да лажам во текстовите и како од вистината да направам лага на начин јавноста никогаш да не дознае што навистина се случило“, изјавил доктор Улдо Улфкот, германски новинар, во своето јавно обраќање пред светот, кој одлучил да напише книга во која детаљно ќе опише како функционираат медиумите во Европа, а поради кои, како што самиот вели, можел да исчезне од оваа планета.
„Последните неколку месеци одлучив да раскрстам со лагите и на јавнота да ѝ пренесам како американските и германските/европските мејнстрим-медиуми брутално лажат за да предизвикаат војна со Русија. Тоа е поентата на сето ова и враќање од ова нема. Сега на сите сакам да им кажам дека не е во ред ниту тоа што јас го работев во историјата, како ни работата на моите колеги. Јас не сакам да се повтори војната и тоа е причината поради која излегов од оваа лажлива пропаганда. Мора да знаете дека војната никогаш не избива сама од себе.
Луѓето тајно се насочуваат кон војна и тука политичарите се помалку важни. Во тоа најмногу учествуваат медиумите и новинарите кои се обучени за тоа. Јас сега пишувам книга во која ќе откријам сè, но и ќе ѝ раскажам на јавноста за големата измама во која се вклучени лаги и манипулации со јавноста, сè со цел почнување војна.
Тоа е страшно, повеќе не сакам да ги лажам луѓето и доста ми е од лажливите пропаганди кои не се олицетворение на демократијата што сакаат да ви ја пласираат, како и слободата на медиумите, која воопшто не постои. Пример сум јас, како и мојот колега што имал задача, стриктно одредена да ги навлечеме Европејците да влезат во војна со Русија. Имав стриктно одредена задача да пишувам против Русија и да пишувам проамерикански текстови. Морав да ги поддржувам ЦИА и НСА, но и трансатлантскиот договор меѓу Европа и САД и да го прикажувам како нешто добро, иако сите знаат дека тоа не е добро, како што не е добро ни да влегуваме во војна заедно со САД.
Тоа повеќе нема да го правам и поради тоа, ќе издадам книга, не заради пари, туку за целиот свет да ја дознае вистината – што се случува зад затворените врати. Тоа е моја одговорност за да се оправдам на некој начин за сè што лажно пишував, иако знам дека поради таа книга ќе се обидат да ме ликвидираат. Ситуациите во кои морав да лажам ги имаше во голем број, но ќе споменам само една од минатото.
Во 1988 година Курдите беа нападнати со антракс и бојни отрови. Јас бев испратен на границата меѓу Ирак и Иран да направам фотографии од Иранците кои биле нападнати со отровни гасови. По тоа, во јавноста излезе само една мала фотографија во еден мал весник во Франкфурт, а во текстот немаше информации како Германија со децении по Втората светска војна користела отровни гасови и отрови со кои убивала луѓе.
Тоа е строго забрането да се користи, а јас никогаш за тоа не смеев да известувам“, изјавил доктор Улдо Улфкот, кој обелоденил уште безброј информации кои шокираат, а кои може да се видат во приложените видеа.