Истрагата за убиството на словачкиот новинар Јан води до Албанец од Македонија

Истрагата за убиството на словачкиот истражувачки новинар Јан Куцијак и неговата вереница води кон албански претриемач од Македонија, кој водел бизнис во агробизнисот на истокот од Словачка, со италијански мафијаши од криминалната група Ла Ндрангета.

Куцијак во своите текстови ги анализирал сомнителните бизниси во врска со неколку семејства Албанци во Словачка.

„Работевме со Куцијак на досието кое се однесувало на албанската мафија“, вели чешката истражувачка новинарка Павла Холцова.
Тие влегле во трага на бизнис делувањата на мафијашите од Ла Ндрангета, кои биле тесно поврзано со словачките

политичари. Холцов на 15 мај била осум часа сослушувана од страна на словачката полиција и на крајот под притисок и бил запленет мобилниот телефон, а барањето на словачката полиција да ги предаде и шифрите таа го одбила. Таа изјавила дека во телефонот имало чувствителни податоци и извори од аферата која нема врска со Куцијак и Словачка. Ваквата ситуација предизвикала и протести на новинарите во регионот и протести организирани низ Европа од страна на новинарските агенции.
Според сознанијата на весникот „Млад фронт Днес“, за кој што Холцов дала интервју, словачката полиција разработила преку 10 верзии за можните нарачатели на убиството на Јан Куцијак и неговата вереница Мартина Кушнирова, чии тела се пронајдени во нивниот дом на 26 февруари.
Додека првичната верзија е дека убиството на младата двојка било нарачано од страна на италијанската мафија за која се пишувало во последниот постхумно објавен текст, полицијата проверува и неколку словачки тајкуни и македонски Албанци кои делувале со Антонино Вадала од Ла Ндрангета, кој меѓу останатото работи и со извоз на месо во Турција.

Словачки новинари и колеги од Чешка, Швајцарија, Германија, Италија и Полска, формирале меѓународен истражувачки новинарски тим за да ги довршат истрагите од сите афери, како и бруталното ликвидирање на нивниот колега Куцијак. Почнале со објави на негови истражувачи текстови, први непотврдени информации, за тесните врски и соработки на албанските македонски претприемачи во Словачка со мафијашкото семејство Вадал од Ндрангета.
Порталот Aktuality.sk, каде работел Куцијак, објавил преглед на деловната мрежа на претриемачи на Антонино Вадала и албанското семејство во Словачка, кои, како и Вадала, главниот профит го собирале од европските дотации за енергетика и земјоделство.

Според сознанијата на словачките новинари, главниот партнер на Антонино Вадала, кого Словачка го испорачала на Италија, каде пред судот во Венеција веќе одговара за шверц на дрога, е македонскиот Албанец Сеат Аличауши, со кој имале деловен бизнис со извоз на месо во Турција, каде фигурирала и поранешната љубовница на Антонино Вадала, Марија Трошкова.  Подоцна таа станува секретарка на поранешниот словечки премиер Роберт Фиц.

Антонино Вадала

Финансиската единица на Националната агенција за борба против криминалот (NAKA) го обвинила Аличауши дека од 2012 година, заедно со други албански и словачки претприемачи, за даночни махинации и измами и за тоа дека создал ланец на претриемачи кои делувале според законот само на прв поглед. Преку изградба на еден мотел тој незаконски заработил 170.000 евра. Кога од агенцијата го предала досието на полицијата во Банска Бистрица, со напмена дека се работи за општествен опасен економски криминал, истрагата била откажана, поради тоа што наводно немало сторено кривично дело.

Новнарите од словечкиот неделник ТРЕНД и дневникот Постој наведуваат дека НАКА тогаш за измама во истата афера го обвинила и семејството Кукули, кое живее во Словачка. Словачката полиција, дури и го проверувала поранешниот шеф на „NAKA“, Бернард Слободник, за кого верувала дека тесно соработувала со Кукули.

Според истражувањето објавено од Aktuality.sk, најефикасниот бизнис на албанско-македонските семејства во Словачка бил тој со агродотациите, добиени директно од Државната агенција за земјоделски плаќања, а само компаниите на Аличауши и Кукуло во последните осум години за дотациите добиле преку 20 милиони евра.

Агенцијата за земјоделство ниту докажаните измами ги немала пријавено во полиција. Истрагата почнала дури сега по убиството на Јан Куцијак, кога и полицијата и обвинителството се најдоа под лупата на јавноста, а во протестите над десетина илјади Словаци за пристојна Словачка побараа да се најдат убијците и да се стави крај на заканите, физичкото насилие и измамите со кои се служат италијанските и албанските семејства во агро-бизнисот на истокот во Словачка, кои се под заштита на локалните политичари.

Словачките медиуми кои се солидализираа Куцијак и решиле да ја завршуват неговата истражна сторија, во повеќе наврати побарале од албанските семејства, кои се поврзани со владата и Ла Ндрангета, да дадат коментар и евентуално да го објаснат нивното водење на бизнис. На прашањата на медиумите да се објасни и нивната поврзаност со делувањето со албанскиот клан Османи, семејството Кукули одбиле да разговараат и се заканиле дека словачкиот неделник ТРЕНД ќе го тужат на суд. Медиумите според сознанијата на меѓународната мрежа на истражувачки новинари (OCCRP) откриле дека германската истражувачка служба го следело семејството Османи поради индиции дека организира шверц на кокаин, а дека од тие пари, набавува оружје за Ослободителната војска на Косово.

Порталот Aktuality.sk на темата „AllforJan“, објавува истражувачки текстови од новинари од цела Европа. Словачките и чешките новинари се договориле заедно и со нивните колеги кои им претставуваат сериозна конкуренција од останатите региони, дека ќе ги истражат ваквите ризични стории и јасно ќе им стават до знаење на тајкуните и мафијашите, дека убиствата на новинарите нема да им помогне да се спасат од затвор. Останатите новинари солидарно и поупорно ќе продолжат да работат на ваквите теми.

 

Scroll to Top