Повеќе од 100 години по најсилната експлозија која била забележана во историјата, научниците сеуште не можат да откријат како истата настанала.
На 30 јуни 1908 година, експлозија ја потресла изолираната шума во Сибир во близина на реката Подкамена Тунгузиска. Се верува дека огнена топка со големина од 50 до 100 метри паднала на земјата и уништила околу 2000 квадратни километри шума, односно околу милион дрва. Земјата се тресела, а прозорите од куќите во најблискиот град кој бил оддалечен околу 60 километри, се искршиле.
Локалните жители ја почувствувале топлината од експлозијата, а некои дури од ударот паднале на земја.
За среќа подрачјето на кое се случило огромната експлозија било ретко населено. Немало официјален извештај за човечки жртви. Иако наводно еден локален овчар загинал кога ударот го фрлил во дрво. Стотина елени биле претворени во запалени лешови. Еден сведок навел дека небото било поделено на два дела, а високо над шумата целиот северен дел од небото изгледал како да е покриен со оган.
`This “Tunguska event” remains the most powerful of its kind recorded in history – it produced about 185 times more energy than the Hiroshima atomic bomb.. Seismic rumbles were even observed as far away as the UK` https://t.co/RNjQPTGV46 via @BBCEarth
— daniel korenblum (@katchwreck) 24 May 2018
Оваа експлозија останала најсилната забележана во историјата, а произвела најмалку 185 пати повеќе енергија од атомската бомба фрлена на Хирошима. Сеизмичките потреси се почувствувале се до Обединетото Кралство.
Мистерија од вселената
Повеќе од 100 години подоцна, научниците сеуште се прашуваат што точно се случило. Многумина се убедени дека се работи за астероид или комета. Сепак, порнајдени се и малку траги од голем вонземјански објект, што дало простор за големиот број на заговорници да веруваат дека се работи за вселнси брод, НЛО. Подрачјето во Сибир каде се случила експлозијата е изолирано, со драматични климатски услови. Зимите биле долги и студени, а летата кратки. Почвата се претворила во матно мочуриште. Поради тоа, пристапот бил исклучително тежок.
По експлозијата, никој веднаш не заминал да го истражува теренот. Руските власти тогаш имале поголеми проблеми од научните испитувања, вели Наталија Артемијева, од Научниот институт во Таксон во Аризона. В земјата имало политички немири, Првата светска војна и револуции. Имало само неколку објави во локалните весници. Во Санкт Петербург и Москва речиси и да не била спомената“, наведува Наталија.
Дури неколку децении подоцна, во 1927 година, руски тим од научници под водство на Леонид Кулик, заминале да го испитаат подрачјето. Кулик шест години претходно случајно дошол до некакви информации за експлозијата, па успеал да ги убеди властите дека се исплати да го испратат да истражи за што станува збор. Кога стигнал, штетата била сеуште очигледна иако поминале повеќе од 20 години.
Кулик открил големо подрачје на изгорени и уништени дрва, кои се простирале околу 50 километри во ширина, кои се простирале во необична форма на пеперутка. Според неговата теорија, метеорот експлодирал во атмосферата. Сепак, го бунело непостоењето на ударниот кратер, или каквии било други остатоци од метеор. За да го објасни тоа, тој навел дека мочуришното тло било премеко за да ги зачува трагите од ударот и дека остатоците сигурно се наоѓаат длабоко под земја.
If you don’t know what the Tunguska Event is, time to watch my latest video: https://t.co/SKF6m0MBDQ (aliens may or may not be involved) pic.twitter.com/1avmIyahkn
— DiscoveryDen (@Discovery_Tube) 20 May 2018
Советските научници подоцна говореле дека тоа било комета, а не метеор. Кометите се состојат од лед, а не карпа како во случајот со метеорите, така да недостигот на вселенски камења во овој случај има повеќе смисла.
Експедицијата во 1958 година, открила ситни остатоци од магнети во земјата. Понатамошните анализи покажале дека станува збор за висок процент на никел, што е позната карактеристика на метеорската карпа.
Алтернативни теории
Но, ни тука не дошло до крај на расправите. Точната причина за експлозијата сеуште била необјаснета, а наскоро почнале да се појавуваат и алтернативни теории. Некои предложувале дека експлозијата била последица на сударот меѓу маеријата и антиматеријата. Во тој случај доаѓа до обострано уништување на честичките што емитуваат голема количина на енергија. Други тврделе дека се работело за нуклеарна експлозија. А имало и необични предлози дека вселенски брод се срушил додека се обидувал да дојде до залихите на свежа вода во блиското езеро. Ниту една од оваа теорија не е докажана.
On This Day In History: Tunguska Explosion: Mysterious And Ferocious Impact In Remote Siberia – On June 30, 1908 – https://t.co/TeL1XCiTNH pic.twitter.com/xvhHZQ8qdg
— Ancient Pages (@AncientPages) 16 February 2018
Тоа не ги спречило другите да разгледуваат уште понеобични идеи. Така на пример во 1973 година, во списанието „Nature“, е објавен труд во кој се тврдело дека причината за експлозијата била црна дупка, која се судрила со Земјата.
Наталија Артемијева вели дека ваквите идеи се само нуспроизвод на човечката психологија.
„Луѓето кои сакаат тајни и „теории“, обично не ги слушаат научниците“, вели таа.
Огромната експлозија, плус непостоењето на трагите е идеална ситуација за ваквите шпекулации.
Микроскопски траги
Во 2013 година, тим на научници под водство на Виктор Квашња, од Националната академија на науки во Украина ги анализирал микроскопските примероци од карпата од местото на експлозијата во 1978 година. Карпите биле со метеорско потекло. Клучно било тоа што биле анализирани парчиња извадени од слојот тресет од 1908 година. Тие остатоци содржеле траги од јаглеродни минерали со име лонсдалеит, чија кристална структура речиси е како дијаманти. Познато е дека овој минерал се формира кога структурата, која во себе содржи графит, како што е метеорот, ќе удри во Земјата.
„Нашата студија како и истражувањето на бројни други автори, открива метеорско потекло на експлозијата“, вели Виктор Квашња.
„Сметаме дека таму не се случило ништо паранормално“, додал тој.
Тој смета дека главниот проблем било тоа што научниците потрошиле премногу време на потрага по големи парчиња карпа. А било неопходно да се бараат мали честички како оние кои неговиот тим ги проучувал.
Но ниту ова не е краен заклучок. Во согласност со раните опсервации, Леоник Кулик, денес сепак владее широк консензус дека експлозијата била предизвикана од големо вселенско тело, како метеор или комета, која се судрила со Земјината атмосфера.
Тоа што било драматично е ослободувањето на енергијата со сила од некои 10 до 15 мегатони ТНТ, а биле предложени и поголеми проценки. Но тешко е да се разбере, поради тоа што се работи за настан кој се случил во неодамнешната историја.
Наталија Артемијева сега вели дека сега може јасно да се одреди стадиумот на настани. Прво, вселенското тело влегло во нашата атмосфера со брзина од околу 15 до 30 километри во секунда. За среќа нашата атмосфера нас добро не штити.
„Телото се распарчува на парчиња карпа, кои се нешто помалку од фудбалски терен“, објаснуваат од НАСА.
Атмосферата најчесто ја распарчува карпата на неколку километри над површината на Земјата, по што настануваат помали парчиња на камења ки до моментот на ударот во земјата, веќе целосно се ладат. Во случајот со метеорот во Сибир, сигурно тој бил лесно кршелив, или пак експлозијата била толку интезивна, што ги уништила сите свои остатоци од 8 до 10 километри над површината.
Атмосферата го разнела објектот во ситни парчиња, додека истовремено интензивната кинетичка енергија се трансформирала во топлина.
„Процесот е сличен кај хемиската експлозија. Во конвенционалните експлозии, хемиската или нуклеарната енергија се трансформира во топлина“, вели Наталија. Со други зборови, остатоците од метеорот во земјината атмосфера се претвора во вселенска прашина.
Кога објектот ќе влезе во нашата атмосфера се распарчува, а силната топлина резултирала со ударни браови кои се почувствувале на стотина километри.
Но, се зборува дека приказната за ова место, сеуште не е завршена. Дури и сега некои научници тврдат дека не го гледаме најочигледниот клуч за решавање на проблемите. Во 2007 година, тим од италијански научници смета дека езерото кое се простира на 8 километри североисточно од епицентарот на експлозијата, би можел да биде ударниот кратер. Тие тврдат дека езерото Чеко го немало на ниту една мапа пред експлозијата.
Но, ваквата теорија не е премногу популарна, затоа што многумина сметаат дека за да езерото биде ударниот кратер, тоа би било многу подлабоко отколку што е во моментов.
Без оглед на се, влијанието на Тунгуската експлозија сеуште се чувствува. И понатаму се објавуват трудови на оваа тема. Денеска астрономите го следат небото со моќни телескопи, со цел евентуално да спречат потенцијална слична закана.