На 13 октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи концерт во чест на Тоше Проески. На концертот ќе настапат многу македонски и балкански музичари. Тие ќе ги отпеат најголемите хитови на Тоше. На концертот треба да биде промовиран четвртиот, постхумен албум на Тоше, кој ќе содржи десет песни на англиски јазик и три спотови.