Одржан Светскиот Шампионат во Фудбал за Пријателство 2018

На 12 јуни, 2018 година на стадионот “Сапсан Арена“ во Москва, се одржа Светскиот Шампионат во Фудбал за Пријателство 2018, како дел од “Фудбал за Пријателство“ – Интернационалната општествено-одговорна програма наменета за деца на Компанијата Газпром, официјален партнер на ФИФА и Светскиот Куп 2018.

. Вкупно 32 Интернационални Тимови на Пријателство, составени од 12 годишни спортисти, момчиња и девојчиња, вклучувајќи и деца со пречки во развојот, од Европа, Азија, Северна и Јужна Америка, Австралија и Океанија, се сретнаа на фудбалскиот терен. Шестата сезона на програмата “Фудбал за Пријателство“ беше одбележана со невидена географска експанзија на проектот – само една година претходно во финалните случувања, дел од оваа програма, учествуваа претставници од 64 земји, а оваа година Млади Фудбалери, Млади Новинари и Млади Тренери од 211 земји и региони од целиот свет се собраа во Москва! Македонија и оваа година, втора по ред, е дел од “Фудбал за Пријателство“ и е претставувана од Младите Амбасадори Ева Јакимовска (Млад Новинар) и Максим Цониќ (Млад Фудбалер), придружувани од Кирил Кироски, Заменик Извршен Директор на ФК “Вардар“ и Маргарита Андоновска, Координатор на Проектот “Фудбал за Пријателство“ за Македонија, од Агенцијата за Односи со Јавност “АПРА Портер Новелли Македонија“.

Scroll to Top