Ивона Јовановиќ од Куманово, најпозната на публиката по учеството во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ неодамна на својот профил на Инстаграм објави неколку стари фотографии на кои е бебе.
„Една од најсреќните работи што можат да ти се случат во животот е да имаш среќно детство“, напиша Ивона покрај сликите, на кои ја цитира писателката Агата Кристи.
Таа од своите следбеници доби комплименти дека била многу слатко бебе.
Ивона пред неколку години, ама и оваа година се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“. Жирито и публиката беа воодушевени од нејзиното пеење. Но, жирито неколкупати ја критикуваше за изгледот, со коментар дека мора да ослабе ако сака да биде ѕвезда. Откога испадна од шоуто, Ивона коментираше дека жирито не гласало за неа само заради физичкиот изглед и дека во шоуто секогаш поминуваат згодни и провикативни девојки.