Сузана Гавазова и „Балкан бенд“ по долга најави ја снимија својата дуетска песна, „Камикази“.
„Комбинацијата е фантастична, ветува многу, хитот е неминовен“, велат момците од бендот.
Тие деновиве се актуелни со „Стари песни, стари другари“ за која снимија и спот. Музиката, аранжманот и текстот ги направија Лазе и Магдалена Цветкоски. Досега, имаат пет авторски песни и три спота.
Сузана пак, неодамна се врати од летување и веднаш почна со реализација на следните музички проекти, а првиот од нив е дуетот со „Балкан бенд“.