Владимир Блажев – Панчо од дуото „ДНК“ пред неколку дена се пофали дека е во Амстердам во друштво на композиторот Лазар Цветкоски за да го гледаат концертот на Бијонсе и Џеј Зи. Преку фотографии и видеа на своите профили на социјалните мрежи тој со своите следбеници и пријатели деновиве споделува интересни моменти од патувањето.
„Форевер јанг“ напиша Панчо на едното од видеата од концертот што ги постави на Фејсбук. Бијонсе и Џеј Зи вчеравечер настапија пред преполниот стадион на фудбалскиот клуб „Ајакс“, а за бројната публика ги испеаја своите најголеми хитови, популарни песни од други пејачи, но и песни од новиот албум што го промовираа пред неколку дена.
Пред концертот диџеј Шорти се прошета низ Амстердам, а со Лазар го посетија и музејот на восочни фигури „Мадам Тисо“.