За внукот на Тоше Проески, Кристијан Ристески, се пишуваше уште додека Тоше беше жив, и сите велеа дека тој е талентиран исто како и неговиот сега веќе починат вујко. Кристијан секогаш велел дека Тоше е неговиот идол и дека и тој сака да пее.
Кристијан денеска има 20 години и е студент на Факултетот за аудиовизуелни уметности во Скопје. Пред две години му се укажа можност да соработува со британскиот продуцент и соработник на Тоше, Енди Рајт, па отпатувал во Лондон. Таму ја снимаа песната Му Little One“ која се најде на постхумниот албум на Тоше Проески на англиски јазик, The Hardest Thing.
Кристијан често споделува фотографии од него и Тоше на својот инстаграм-профил, како потсетување на убавите времиња што ги минувал со него.