Пејачката Елена Андоновска го промовираше својот нов музички проект “Кој што ме чуе да пеам”. Албумот содржи десет песни кои се преработки на македонски народни песни испеани од познатите македонски доајени Васка Илиева, Вања Лазарова, Костадинка Палазова, Петранка Костадинова, Никола Бадев, Кирил Манчевски.
Аранжманите ги изработи Александар Јовевски во модерен етностил, но со зачуван автентичен македонски мелос. Албумот е снимен во музичкото студио “Подрум“, во музичка продукција на Ангел Ќосев.
Елена неодамна го промовираше видеозаписот за песната “Босо моме”, која е дел од овој музички проект, а се снимаше во Лазарополе