Водителката Јелена Спенџарска се пофали дека напорно вежба за да има згодно тело пред да замине на летување. Таа сподели фотографија од вежбањето на Кејот на Вардар.
„Ова се моите последни подготовки пред да ми почне одморот“. Водителката неретко споделува фотографии и од салата за вежбање. Особено зимава, кога по новогодишните празници јавно призна дека се здебелила неколку килограми и дека ќе направи сè за набрзина да ги симне.