Бразилскиот фудбалер Нејмар е предмет на исмевање во Мексико, каде што фудбалерите смислиле натпреварување во кое натпреварувачите се превртуваат како Бразилецот на мечот со Србија по направениот фаул врз него. Тој што ќе стигне прв до целта, добива награда.
Целото натпреварување било направено на сметка на Бразилецот, кој, наместо по мајсториите на теренот на годинешниот мундијал, ќе остане запаметен по фрлањето на теренот и лажните фаули што ги глумеше дека се направени врз него.
Meksika kulübü Club Tijuana, devre arasında ‘Neymar Challenge’ etkinliği düzenledi! (@FranciscoEfV) pic.twitter.com/tIeKJsUekC
— ÇapaMagSport (@CapaMagSport) 8 July 2018
Многумина не можат да го трпат неговото фолирање, па Мексиканците сега смислија и начин како да го исмеат.