(Фото) Хелена во мрежести хулахопки му честиташе роденден на сопругот

Познатата водителка Хелена Роза му го честиташе роденденот на сопругот Игор со фотографија на која е во мрежести хулахопки и црн корсет. Таа покрај фотографијата напиша романтична порака, стихови од хит-песната Simply the Best од Тина Тарнер. „Во твоето срце го гледам почетокот на секоја ноќ и секој ден, во твоите очи се губам. Додека сум во твојата прегратка не можам да бидам на подобро место, ти си едноставно најдобар, подобар од сите други“, напиша Хелена во пораката што му ја посвети на Игор.

 

Хелена пред три години се пресели на Нов Зеланд со сопругот Игор и ќерката Кјара. Таму го роди второто дете, синот Тијан, кој наскоро ќе наполни една година. Во интервју за „Репортер“ Хелена изјави дека решиле да си ја побараат среќата таму и дека се пресреќни. Тогаш додаде дека многу ѝ недостигаат најблиските, посебно сестра ѝ Ребека и мајка ѝ, ама дека не планираат да се вратат во Македонија.

Scroll to Top