„Перете си ја совеста, до вчера го оговарвате“, Мартин ги извреѓа колегите на Влатко

По веста за смртта на македонскиот пејач Влатко Илиевски, на социјалните мрежи не прстануваа статусите од неговите музички колеги, кои се збогуваа од него. Дури некои ги објавија и пораките, кои Влатко дента предходно им ги пуштал на мобилниот телефон и во кој бара да му помогнат да се врати на сцента. Не само пејачите, од него се збогуваа актери, ТВ водители, модели и секој со својата приказна за Влатко, секако тоа споделено со заедничка фотографија.

И меѓу сите тие пораки, сепак онаа на Мартин Србиновски (поранешен еклслузивец на М2 продукција) најмногу предизвика внимание. Тој ги повика јавно да не се прават наудрени, оти , вели Мартин “сите знаеле што му е на Влатко и сите го оговарале зад грб“. Со погрди зборови, разочаран, Србиновски со стаус на сосцијалните мрежи го искажа својот бес кон музичките колеги на Влатко.

Scroll to Top