(Галерија) Цеце Орешкова позира разголена неколку дена пред породувањето

Неколку дена пред да се породи македонската манекенка Цеце Орешкова се соблече во долна облека и го покажа трудничкиот стомак. Таа по примерот на светските ѕвезди направи фотосесија заедно со сопругот Кристијан Георгиев, исто така манекен. Цеце и Кристијан за фотосесијата сменија неколку стајлинзи, а сликите ги направи Горан Атанасовски.

Цеце и Кристијан се во брак од 2015 година, а деновиве треба да го добијат нивното прво дете. Цеце веќе некое време не се занимава со моделинг, а Кристијан на јавноста ѝ е најпознат по учеството во неколку музички спотови снимени пред десетина години.

 

Scroll to Top